🎥Каевски: Следи голема казна на изборите за анти европскиот блок на ДПМНЕ и Левица

од Vladimir Zorba

„Мицкоски ги понижи македонските граѓани и македонскиот народ. Откако пропаднаа и сите лаги со кои што го плашеа македонскиот народ, дека некој ќе ни го смени идентитетот, дека ќе сме се асимилирале и бугаризирале. Сега на граѓаните им е кристално јасно: со ДПМНЕ и Левица нема Европска Унија, нема иднина“, вели денеска на прес-конференција Дарко Каевски, портпарол на СДСМ.

„ДПМНЕ ја загуби идеолошката матрица и почна да забегува заедно со Левица. СДСМ се профилира како партија којашто единствена го брани националниот интерес на македонскиот народ да биде дел од големото европско семејство, признаен и почитуван. Со СДСМ имаме заштитен македонски јазик и идентитет и извесно членство во ЕУ, подобар животен стандард, поголеми плати и пензии.

Затоа на овие избори за кочничарите, за активните блокатори, за анти европскиот блок на ДПМНЕ и Левица им следува голема казна и пораз“, вели, меѓудругото, Каевски.

Слични содржини