🎥Кајли Џенер ги шокираше фановите: Би ги земала децата од училиште во овој фустан

од Nikola Popovski
132 прегледи

Ријалити ѕвездата и девојка на прославениот актер Тимоти Шаламе, Кајли Џенер објави видео на Инстаграм во кое позира во еден од фустаните од нејзината нова колекција и доби различни реакции од нејзините обожаватели и следбеници на социјалните мрежи, пренесува „E News!“.

Кајли позираше за социјалните мрежи во тесен, црвен фустан со длабоко деколте, а она што го кажа дополнително предизвика бран жестоки реакции на Инстаграм. Таа објасни дека нејзината омилена работа во оваа колекција е веројатно како се чувствува кога ги носи модните парчиња, а потоа додаде: „Оваа облека би ја носела кога ќе одам да ги земам моите деца од училиште“.

И додека некои се согласуваа со неа, други беа видно вознемирени. „Опсесијата на Кајла да биде привлечна е навистина заморна“, „Ве молам, немој да го носиш тоа кога ги земаш децата од училиште, те молам немој“, напишале некои, додека други ја бранеле.

„Не го препознавате хуморот на Кајли…“, напишал еден обожавател.

Слични содржини