Лука Дончиќ, ѕвездата на Далас и словенечката репрезентација, е главниот актер во новата реклама на компанијата и брендот на Мајкл Џордан (AirJordan), чие заштитно лице е долги години.
Во рекламата Дончиќ вози автомобил до кошаркарско игралиште на отворено, а штом ја отвора вратата, песната што се слуша од возилото им е добро позната на сите.
Тоа е „Мики, Милане“- турбо-фолк песна на српската пејачка Вера Матовиќ која повторно доби на популарност.
Luka Doncic X Jordan Brand 🔥
(via jumpman23/IG) pic.twitter.com/rMdSjgjdxU
— MFFL NATION (@NationMffl) July 16, 2024
Вера Матовиќ ја објави оваа песна во 2008 година, а сега, многу години подоцна, песната се здоби со светска популарност благодарение на социјалните мрежи и Лука Дончиќ.
Оваа песна потенцијално може да ја слушнат дури 27,8 милиони луѓе, колку што го следат профилот на брендот Џордан на Инстаграм.
Дончиќ оваа година со Далас стигна до финалето на НБА лигата, каде што беше поразен од Бостон со 4-1.