🎥Министерката на Трамп со полуголи затвореници во Ел Салвадор: „Ова е една од алатките…“

од Vladimir Zorba
168 прегледи

Американскиот секретар за внатрешна безбедност, Кристи Ноем објави видео на социјалните мрежи снимено во контроверзниот голем затвор во Ел Салвадор. Таа им се заблагодари на таа земја и нејзиниот претседател што „примиле терористи и ги затвориле“.

Министерката Ноем го посети затворот во кој американските власти неодамна депортираа 238 Венецуелци.

Додека таа зборуваше, во ќелијата зад неа можеа да се видат десетици полуголи и тетовирани членови на салвадорската банда од MS-13 и 18th Street.

Посетата покажува дека претседателот Трамп не планира да отстапи од својата имиграциска политика и покрај судската забрана, потврдена од апелациониот суд, спречувајќи ја депортацијата на Венецуелците од американско тло според Законот за непријателски странци од 1798 година.

„Ова е една од алатките со кои располагаме“, го опиша Ноем затворот како „една од достапните алатки“. „Ова е една од последиците што можете да ги очекувате доколку нелегално влезете во нашата земја“, додаде, меѓудругото.

Слични содржини