🎥МВР ги покажа новите 20 интервентни комбиња

од Nikola Popovski

Денеска, (11.12.2023), во Полицискиот Центар Ѓорче Петров, беа промовирани 20 интервентни комбиња наменети за потребите на сите Сектори за внатрешни работи при Министерството за внатрешни работи, а кои се опремени со најнова високософистицирана опрема согласно поставените високи стандарди на работа на македонската полиција.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во оваа прилика истакна дека стратешката поставеност на Министерството за внатрешни работи ги донесе посакуваните резултати во делот на подобрување на техничко-материјалните капацитети на македонската полиција, за континуирано модернизирање и надградба на средствата и опремата коишто се неопходни за ефикасно и квалитетно извршување на работните задачи на полициските службеници.

„Локално“ уште минатата недела објави дека МВР реши да го обнови возниот парк, односно набави нови интервентни комбиња, популарно познати како марици“. Комбињата веќе можеа да бидат забележани како се упатуваат кон главната дирекција на МВР.

Официјалните податоци достапни на веб страницата на Бирото за јавни набавки, објавени пред неколку месеци, покажаа дека МВР ќе купи 20 комбиња од марката „Рено Мастер“ кои ќе ги користи за присилно приведување на проблематични осудени лица или хулигани кои го кршат јавниот ред и мир и пружаат отпор.

Слични содржини