Во саботата пред полноќ, грчки државјанин пријавил во полиција дека бил нападнат од неколку лица во Центар. Станува збор за навивач на грчки АЕК кој допатувал во Скопје за да го гледа ракометниот финален натпревар меѓу неговиот тим и екипата на Алкалоид.
– На 25.05.2025 во 02 часот во СВР Скопје, А.Г.П.(29) од Р.Грција пријави дека на 24.05.2025 околу 23 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар, бил физички нападнат од неколку лица, при што еден од нив употребил стаклен предмет, известија од МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
На дел од социјалните мрежи веќе се појавија снимки на кои што може да се види како дел од навивачите на Вардар, „Комитите“ напаѓаат фанови на АЕК.
View this post on Instagram
Вториот натпревар од ракометното финале не се одигра откако ракометарите на АЕК не излегоа на теренот по наредба на нивниот претседател како протест за нивните фанови кои не влегоа во салата пред мечот, а дел останаа на граница. Фановите на грчкиот тим добија 200 карти за мечот, а првично побарале 650 што не било дозволено по консултации на МВР со раководството на Алкалоид.