🎥НБА лигата казни ѕвезда за простачки потег: „Мојот е поголем од твојот“

од Nikola Popovski
115 прегледи

Ентони Едвардс, кошаркарот на Минесота Тимбервулфс, е казнет од НБА поради расправија со навивач во која се употребени тешки зборови.

Минесота како гостин го совлада Лос Анџелес Лејкерс со 95:117 во првиот меч од првото коло на плеј-офот, а Едвардс на тој меч „флертуваше“ со трипл-дабл, бидејќи имаше 22 поени, осум скока и девет асистенции.

Но, освен со одличната игра, Едвардс го привлече вниманието и поради прозивањето со некој од публиката.

Таа сцена не остана незабележана од луѓето во НБА, кои го казнија Едвардс со 50.000 долари поради неспортско однесување.

„Мојот полов орган е поголем од твојот“, му викнал Едвардс на некој од публиката додека се фаќал за меѓуножјето.

Едвардс е некој кој сака да се прозива со навивачите, сака да провоцира и на теренот, а има само 23 години. Утрово Минесота повторно им гостува на Лејкерси во вториот меч од првата рунда во плеј-офот.