Избран е најубавиот дрес во историјата на НБА лигата

од Nikola Popovski

Најубавиот дрес во историјата на најсилната кошаркарска лига во светот е избран со гласање на навивачите од Европа кои ја следат НБА лигата како дел од прославата на 75 години од натпреварувањето.

Гласањето наречено НБА 75 Еуро траеше седум дена, а љубителите на играта под обрачите дадоа половина од гласовите, додека останатите 50 отсто ги даде комисија составена од претставници на европски медиуми, познати личности…

Победата ја однесе дресот на Торонто Репторс кој го носеше канадскиот тим во сезоната 1998/1999 година со вкупно 18,8 отсто од гласовите, пред опремата на Чикаго Булс (14,1%), потоа Филаделфија 76 од 2000/2001 година (12,8%), дресот на Лос Анџелес Лејкерс од сезоната 1996/1997 (10,4%), додека дресот на Бостон Селтикс кој го носеше клубот од Масачусетс во сезоната 1985/1986 го зазеде петтото место.

Освен за дресовите, навивачите на НБА ќе можат да гласаат и за 10-те најдобри европски играчи во историјата на НБА лигата, кои потоа ќе бидат поделени на првата и втората петорка, потоа најдобриот НБА момент (28 февруари до 7 март , 2022) првиот и вториот најдобар европски НБА тим на сите времиња (28 март до 10 април 2022 година).

Слични содржини