На социјалните мрежи беа објавени снимки од нападот врз Немања Бјелица во една белградска игротека.
Тој бил нападнат од поранешниот фудбалер Н.П., кој му се внел во лице на Немања Бјелица кој седел и во таа прилика го навредувал и му се заканувал.
Познатиот кошаркар се преместил на шанк, кога осомничениот, кој во меѓувреме е приведен, зел ножици и му се заканил на Бјелица, но набрзо ги вратил на нивното место.
Снимката на која се гледа како осомничениот се заканува со ножици кон Бјелица беше објавена од српските медиуми.
Napadnut Nemanja Bjelica pic.twitter.com/lVF7oADHxx
— Mariel (@malasirena111) February 5, 2024
Набрзо е приведен Н.П., а за конфликтот кој бил од приватен карактер се сослушани сведоци, иако во овој момент не се знае зошто дошло до конфликтот.
— Mariel (@malasirena111) February 5, 2024
Да потсетиме, Бјелица летово се врати во Црвена звезда, каде по доаѓањето од Австрија настапуваше од 2008 до 2010 година, беше дел од подготовките, но не забележа официјален настап.