🎥Од удар на гром се запали Беласица на грчка територија

Нов пожар - овој пат на тромеѓето меѓу Македонија, Грција и Бугарија

од Nikola Popovski
76 прегледи

Заменик-генералениот директор на „Македонски Шуми“, Кире Михаилов информираше дека од удар на гром, пред повеќе од половина час се запалила планината Беласица на грчка територија, во близина на тромеѓето помеѓу Македонија, Грција и Бугарија.

-После девет дена страшно тешка битка конечно го ставивме пожарот над село Николич под контрола, но, сликата зад мене покажува колку природата некогаш може да биде сурова, порача Михаилов во видео-обраќањето.

Заменик директорот сподели и дека контактирана е грчката Влада од каде соопштиле дека ќе интервенираат со воздухоплови.

До 12:30 часот, од ЦУК информираат дека на територијата на државата регистрирани се вкупно 9 пожари на отворен простор, од кои активни се 6.

Слични содржини