🎥Пеплосан автомобил во близина на Клиничкиот центар

од Nikola Popovski
167 прегледи

Скопјани беа сведоци на немил настан откако целосно изгоре автомобил непосредно до улицата „Водњанска“, во близина на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Скопската противпожарната екипа не дозволила пожарот да се прошири на околните автомобили и објекти.

Од ЦУК информираа дека гори возило спроти Клиничкиот центар во Скопје и дека густиот чад ги вознемири граѓаните од околните објекти. Според информациите, на бројот 112 бил пријавен пожар на улицата „Владимир Назор бр.2“.

На терен е и полицијата. Повеќе детали се најавуваат во текот на денот.

Видео: Фејсбук

Слични содржини