🎥Пожарот во Трубарево е под контрола, но се уште има силно чадење

Ангелов соопшти и дека синоќа добиле дојава дека повторно имало пожар и на депонијата „Дрисла“, од кој постоело опасност да го зафати и главниот дел од депонијата.

од Vladimir Zorba
36 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/Стојанче Ангелов

Пожарот (во Трубарево) е изгаснат, нема активно горење, но има силно чадење кое се пробива низ земјата и песокот од затрупаните места. Преостануива да се дозатрупа уште дел од опожарената површина, изјави утрово Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) за ситуацијата на местото на пожарот.

-Пожарот е изгаснат. За жал, се уште имаме активно чадење. Делот каде што се наоѓаат литиумските батерии е затрупан со песок, на некои места е користена земја, онаму каде што нема литиумски батерии односно електронски отпад. Но, има чадење преку песокот и посипаната земја. За жал, чадењето се уште е силно, пожарникарите работат на навлажнување на песокот заради догаснување на пожарот, бидејќи ваков електронски отпад е исклучително тежок за гасење, изјави Ангелов.

Соопшти и дека синоќа добиле дојава дека повторно имало пожар и на депонијата „Дрисла“, од кој постоело опасност да го зафати и главниот дел од депонијата.

– Таму упативме една екипа на скопската противпожарна бригада која го изгасна огнот, од кој постоеше опасност да го зафати главниот дел од депонијата. Сега состојбата во „Дрисла“ е стабилна, продолжуваме со агресивно затрупување на преостанатиот дел бидејќи најмалку половина од местото коешто гореше во „Дрисла“ вчера е затрупано. Но, дел од механизацијата беше пренасочен и овде, на големиот пожар во Трубарево, додаде Ангелов.