🎥Пронајден авионот што се урна кај Загреб: Едно лице загина, четворица се повредени

од Nikola Popovski

Во авионската несреќа кај Загреб едно лице загина, а четворица се повредени, соопшти тамошната Цивилната заштита.

– Денеска во 15 часот и 51 минути е добиена дојава за пад на мал спортски авион во шумата јужно од Керестинац. Полициски службеници излегле на терен и ја потврдиле точноста на пријавата. Во моментов се пружа помош на повредените, а местото на настанот е обезбедено, соопштија од хрватската полиција, пренесува „Index“.

Потсетуваме, авион со четворица членови на екипажот се урна во близина на Загреб.

Според неофицијални информации се работи за летало од типот „Цесна“. Авионот се користел за скокови со падобран.

Станува збор за помал авион кој се урна во реонот на аеродромот во Јеждовац, попознат како аеродром Лучко.

Слични содржини