🎥Пукање во кафуле во Штип, полицијата го бркала напаѓачот по автопат

од Nikola Popovski
141 прегледи

Во центарот на Штип, синоќа имало пукање, во угостителски објект лоциран на плоштадот. Едно лице се бори за живот. Според првичните информации, едното лице имало нож со себе, а другото пиштол. Целата драма се случувала пред очевидци, местото е веќе оградено, има и полиција, а тешко повредениот со Брза помош е префрлен во болница.

Според очевидци, убиецот и повредениот седеле на различни маси кога напаѓачот извадил огнено оружје и го застрелал другото лице пред голем број сведоци.

Неофицијално, и тој што пукал и што е повреден се турски државјани кои студираат во Штип.

Напаѓачот кој ја застрелал жртвата околу 21:00 часот избегал додека полицијата го бркала по автопатот кон Скопјe, а за време на драматичната потера, полицајците пукале во неговиот автомобил. Неговиот автомобил бил виден на патарината кај Миладиновци. Полицијата му сигнализирала да застане, но наместо тоа, тој ја пробил наплатната рампа.

Според неофицијални информации, лицето кое пукало и кое потоа избегало пешки, оставајќи го возилото, управувало со „БМВ“. Потрагата е во тек.

„Вечерва околу 21.30 часот во СВР Штип било пријавено дека во угостителски објект на градскиот плоштад во Штип, било пукано со пиштол при што едно лице е повредено. Лицето со возило на итна медицинска помош е пренесено во болница во Штип. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето кое пукало и за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Слични содржини