Деклан Рајс од Арсенал влезе во историјата на Лигата на шампионите со тоа што стана првиот играч кој постигнал два слободни удари во нокаут фазата на натпреварувањето.
Не само што малкумина можеа да погодат дека Арсенал ќе триумфира толку убедливо во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид, туку и самиот начин на кој беше постигнат овој исход беше незамислив.
Мрежите мируваа до 58. минута, а потоа се појави проектилот од слободен удар на Деклан Рајс. Англискиот фудбалер на мајсторски начин му донесе водство на Арсенал, а само 12 минути подоцна имаше можност да изведе уште еден слободен удар. Следуваше нов уште поспектакуларен подвиг за 2:0.
That goal from Declan Rice is just ridiculous😅pic.twitter.com/O5Az0nORXn https://t.co/oVcHaps1MM
— MC (@CrewsMat10) April 9, 2025
Она што е неверојатно е фактот што Рајс претходно одигра 338 натпревари за Вест Хем и Арсенал и никогаш немаше постигнато гол од директен слободен удар, а потоа на натпреварот против Реал Мадрид тоа го направи не еднаш, туку двапати.
Мерино во 75. минута погоди за 3:0, но се чини дека неговиот гол остана во друг план.