Антонио Ридигер се соочува со суспензија од четири до 12 натпревари поради инцидентот во финалето на Купот на Шпанија.
Централниот дефанзивец на Реал Мадрид би можел да биде суспендиран до 12 натпревари поради неспортско однесување на финалниот натпревар од Кралскиот Куп против Барселона, објави „Кадена Сер“.
Според овој извор, во извештајот на судијата е наведено дека германскиот фудбалер бил исклучен поради „фрлање предмет од техничката зона“.
Исто така, било наведено дека Ридигер морал да биде задржан од неколку членови на тренерскиот штаб за да не истрча на теренот.
Да се потсетиме, инцидентот се случи откако Ридигер веќе беше заменет. Фудбалерот беше незадоволен од одлуката на судијата по прекршокот на Килијан Мбапе врз Ерик Гарсија. Поради бурните емоции, искусниот дефанзивец доби директен црвен картон.
Antonio Rudiger is sent off the pitch! 🟥 pic.twitter.com/wUsZXlPGDi
— Running Rüdiger (@RudigerRunning) April 26, 2025
После тоа, тој дополнително ја изгуби контролата и се обиде да го стигне судијата, но беше спречен од неговите соиграчи. Потоа од клупата, Ридигер фрли кеса со мраз кон судијата.