Ридигер го „предава“ Челси, преминува во редовите на ривалите?

од Vladimir Zorba

Германскиот репрезентативец Антонио Ридигер летово би можел да направи еден од најсензационалните трансфери, бидејќи, според англиските медиуми, тој е блиску до преселба во Манчестер Јунајтед.

Договорот на Ридигер со Челси истекува на 30 јуни, а се помали се шансите тој да остане во Западен Лондон од следната сезона.

Најблиску до потписот на поранешниот дефанзивец на Рома и Штутгарт беа Реал Мадрид и ПСЖ, но Јунајтед се почесто се споменува, на нешто повеќе од четири месеци пред истекот на договорот.

Челси се уште бара формула за обнова на соработката со силниот дефанзивец, но Јунајтед би можел да ја активира „германската врска“ бидејќи сегашниот менаџер, Ралф Рангник исклучително ги почитува квалитетите на Ридигер.

Дури и за просечните познавачи на фудбалот е јасно дека на Јунајтед по 34 примени гола во досегашниот тек од сезоната очајно му треба добар стопер, а по многу пребарување изборот падна на Ридигер.

Хари Мекгваер само повремено блеска, додека овогодинешното засилување на Реал Мадрид, Рафаел Варан, помина повеќе време во опоравување од повредата отколку на теренот.

Ридигер моментално заработува 100.000 фунти неделно во Челси, кој му понудил 40.000 повеќе за новиот договор, што тој го одбил, а прашање е дали „сините“ ќе бидат подготвени дополнително да ја подигнат понудата.

Слични содржини