🎥Скандал во Србија: Тренер влета во ринг и нападна македонски судија!

од Nikola Popovski
463 прегледи

Невиден скандал се случи во Србија, поточно на Златибор, откако на средина на боксерски меч бил нападнат македонскиот судија, Стефан Цубалевски.

Сè се случило на Европското кадетско првенство во бокс, за време на финалниот натпревар во категоријата до 75 килограми, помеѓу Јусиф Агакишијев од Азербејџан и Виктор Мајсторовиќ од Србија.

Тренерот на Азербејџанецот прво вербално го нападнал судијата, а потоа и физички. Тој почнал да го дави и го удирал Цубалевски на рингот пред младите боксери.

Причината за ваквиот испад сè уште е непозната.

Поради немилите свцени, боксерот од Азербејџан е дисквалификуван, па Мајсторовиќ го освоил златниот медал.

Слични содржини