Денеска 22.06.2024 хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици на МВР дејствувале на пожарот во атар на село Цер, општина Кичево.
Хеликоптерот исфрлил над 25 тона вода и во координација со силите на терен пожарот е ставен под контрола.
Со тоа е стопиран кракот што се наближуваше да зафати букова шума.
Осум пожари на отворено и неколку помали интервенции беа регистрирани во последното деноноќие.
Во текот на вчерачниот ден (21.06.2024 година), Јавно претпријатие „Национални шуми“ подружница „Лопушник“ не учествувале во гасење на шумскиот пожар, освен што интервенирале 20-тина граѓани од месното население, а е интервенирано од воздух со хеликоптер на МВР, што во 7 до 8 наврати истурил вода на опожарениот простор, при што бил неутрализиран еден крак од пожарот. И покрај ваквите интервенции пожарот не е целосно изгаснат и е се уште активен и постои опасност пожарот да навлезе во букова шума, а во тој случај многу тешко би можел да се контролира.