Коментаторот на РТС, Александар Стојановиќ го најавуваше натпреварот помеѓу Србија и Австрија во Лигата на нации. Пред почетокот на натпреварот, по читањето на составите, тој најави едноминутно молчење. Минутата молк беше и за трагедијата во Кочани, но и за смртта на голманот Радиша Илиќ, за смртта на екс-фудбалерот на Партизан, Андрија Делибашиќ, на Душан Маравиќ, како и за Вукашин Црнчевиќ кој загина во падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад.
Кога објаснуваше зошто се одржува минута молчење, Стојановиќ речиси заплака во преносот.
Aleksandar Stojanović nije uspeo da zadrži emocije kada je bio minut ćutanja na meču Srbija – Austrija pic.twitter.com/I2eo4INKWm
— sportsscandals (@sportsscandals1) March 23, 2025
Србија е една од многуте земји во регионот и Европа кои помогнаа за сместување и лекување на најтешко повредените лица од трагедијата во Кочани. Минатиот вторник низ цела Србија имаше и ден на жалост.