🎥Тепачка меѓу српските навивачи и полицијата во Минхен: Хаос пред мечот со Данска

од Илинка Илиоска
81 прегледи

Тепачка меѓу српски навивачи со полицијата во Минхен настанала на денот на натпреварот на ЕП меѓу Србија и Данска.

Неред и хаос настана на Мариенплац, каде што се собра поголема група српски навивачи и каде што беа претходните денови откако траеше Европското првенство.

Полицијата во конфликтот со навивачите употреби и солзавец, некои завршија на бетонот, а неколкумина беа уапсени.

На видеото се гледаат и некои навивачи како фрлаат шишиња кон полицајците, а во еден момент кон нив биле фрлени и столчиња.

Некои се расправале со полицајците, обидувајќи се да преговараат за да ги ослободат веќе приведените во тој момент, а на бетонот имало многу скршени предмети.

Други се обидоа да ја смират ситуацијата и тензиите меѓу насобраните Срби и полицијата, која се обидуваше да го одврати секој што ќе им пријде во кордонот.

Непријатен вовед во натпреварот од третото коло од групата Ц се случи попладнево во центарот на градот, додека засега не е познат точниот број на уапсените, ниту пак причината за почетокот на конфликтот.

Србија од 21 часот ќе игра против Данска на „Алијанц арена“ и со победа би се обезбедил директен пласман во осминафиналето на Европското првенство.

Видеата може да ги видите на овој ЛИНК

 

Слични содржини