🎥ТРАГЕДИЈА во САД: Авион со 64 лица се урна по судир со воен хеликоптер

од Nikola Popovski
1,2K прегледи

Патнички авион на Американ ерлајнс со 64 лица се урна во реката Потомак што тече низ Вашингтон, откако се судри со воен хеликоптер над главниот град на САД, во близина на аеродромот Роналд Реган, соопштија тамошните власти.

Портпаролката на Белата куќа Керолин Левит изјави дека воен хеликоптер и патнички авион се судриле на регионален лет.

Американ ерлајнс потврди дека нејзината регионална подружница ПСА превезувала 60 патници и четворица членови на екипажот во моментот на падот во близина на националниот аеродром Роналд Реган, во реката Потомак.

Авионот се судрил со хеликоптер „Сикорски Х-60“ на средна височина додека се приближувал кон аеродромот за слетуввање.

-Хеликоптерот, познат како „Црн Јастреб“, превезувал тројца воени лица, соопшти Пентагон.

На местото на несреќата во студените води на реката Потомац, во тек е акција за пребарување и спасување во која учествуваат полицајци и пожарникари.

Засега нема официјални податоци за жртви.

Цитирајќи ги изјавите на полициските службеници на местото на настанот, Си-Би-Ес објави дека 18 тела биле извлечени од водата и дека не се пронајдени преживеани.

Слични содржини