Поранешниот американски претседател Барак Обама и новоизбраниот претседател се сретнаа синоќа на погребот на друг поранешен претседател, Џими Картер, кој почина на 100-годишна возраст.
Барак Обама, поранешниот американски претседател, минатата есен не штедеше зборови на критики кон Доналд Трамп. На политичките митинзи ширум земјата за поддршка на демократката Камала Харис, Обама даде низа остри коментари, како што се: „Доналд Трамп е 78-годишен милијардер кој не престана да кука за своите проблеми откако се спушти по тој златен ескалатор пред девет години“.
Тој, исто така, предупреди на губењето на основните вредности во американската политика, истакнувајќи: „Една од највознемирувачките работи за овие избори и подемот на Трамп е тоа како ги оставивме настрана вредностите што ги научивме, како да се не е важно“.
Obama and Trump talk, smile … (Carter funeral) pic.twitter.com/84zBelvKgx
— Howard Mortman (@HowardMortman) January 9, 2025
Поради вакви изјави, многумина би заклучиле дека меѓу Обама и Трамп постои длабоко непријателство. Сепак, сцените од погребот можеби сугерираат поинаку.
Kamala Harris looks back at Trump, who is talking with Obama … ( Carter funeral ) pic.twitter.com/fnC3BqKmRO
— Howard Mortman (@HowardMortman) January 9, 2025
Двајцата поранешни претседатели се снимени како имаат жив и, очигледно, срдечен разговор. Наместо политички натпревар, сцената наликуваше на пријателски разговор, што секако изненади.