🎥Трамп создаде непријатна ситуација за Јувентус: Ги прашуваше за трансродовите лица, еве како реагираа

од Nikola Popovski
28 прегледи

Фудбалерите на Јувентус ја прифатија поканата да ја посетат „Белата куќа“ и Доналд Трамп, а кога стигнаа таму претседателот на САД им создаде помалку непријатна ситуација.

Седејќи на своето биро, со грб кон „бјанконерите“, Трамп го искористи вниманието на медиумите за да освои политички поен во битката со промоторите на идејата дека трансродовите лица можат да се натпреваруваат на професионално ниво во натпреварување на кое не припаѓаат по раѓање.

Поточно, во САД се водат неколку судски случаи откако некои трансродови натпреварувачи се појавија во женски натпреварувања – родени мажи кои потоа решија да се подложат на процесот на хормонска терапија и транзиција во спротивен пол.

„Дали жена може да игра во вашиот тим, момци?“, со ова прашање Трамп ги изненади играчите на Јувентус. Тие главно „кисело“ се насмевнаа, но ниту еден играч не се осмелил

да одговори.

 

Непријатната тишина ја прекина генералниот директор на клубот, Дамиен Комоли, во обид да понуди дипломатски одговор. „Имаме многу добар женски тим, тие се шампионки на Италија“, истакнал Комоли.

„Но, тие треба да се натпреваруваат против жени, нели?“ продолжил Трамп, заинтересиран да ја одведе својата приказна до крај.

Овој пат Комоли не понудил одговор. „Доста дипломатско од ваша страна“, коментирал претседателот на САД и ја сменил темата.