Три силни земјотреси утрово во рок од 12 минути ја погодија централната јапонска префектура Ишикава, од кои најсилниот беше 7,4 степени според Рихтеровата скала, јавуваат јапонските медиуми.
По овој земјотрес е забележан земјотрес со јачина од 6,1 степени, а му претходеше земјотрес со јачина од 5,7 степени.
Издадено е предупредување за цунами на западниот брег на земјата.
Breaking News A major earthquake occurred in Japan. Widespread shaking in Japan. A tsunami warning has also been issued. pic.twitter.com/3LbXJhE7DU
— 🇯🇵Naoemon Japan (@woiiw) January 1, 2024
Цунами високо 1,2 метри го погоди брегот на Виџима, во префектурата Ишикава, јави јапонската телевизија NHK.
Цунами со висина од пет метри се очекува да го погоди брегот на островот Ното.
Како што соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, најсилниот земјотрес со јачина од 7,4 степени бил на длабочина од 13 километри, а епицентарот бил на 90 километри северно од Такаока и 47 километри североисточно од Анамику.
Третиот земјотрес со јачина од 6,1 степен бил на длабочина од 10 километри, јавува Кјодо.