🎥Украинците нападнаа важно руско пристаниште со дронови, прогласена вонредна состојба

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Градоначалникот на рускиот пристанишен град Новоросијск на Црното Море денес прогласи вонредна состојба откако украинскиот напад со беспилотно летало оштети станбени згради и повреди најмалку пет лица.

Градоначалникот Андреј Кравченко ја објави одлуката на својот официјален профил на Телеграм.

Кравченко рече дека една од повредените лица, жена, е во тешка состојба во болница. Досега нема коментар од Украина, чии воздухопловни сили соопштија дека Русија ја нападнала Украина преку ноќ со 183 беспилотни летала и две балистички ракети.

47 цивили се повредени во напад на руски беспилотни летала врз Харков на североистокот на Украина, соопшти синоќа локалната полиција.

Слични содржини