🎥„Умре“ од досада: Меланија заспа на роденденот на Доналд Трамп!?

од Nikola Popovski
42 прегледи

Неверојатно видео стана вирален хит – на роденденот на Доналд Трамп, проследен со масовна воена парада, Меланија успеа да заспие на кратко…

Додека Вашингтон го славеше 79-тиот роденден на Доналд Трамп и 250-годишнината од основањето на американската армија во саботата, вниманието на медиумите и јавноста изненадувачки не го привлече самиот претседател туку неговата сопруга Меланија. И тоа, ни повеќе ни помалку, со видео кое го сними моментот во кој таа кратко дремна…

Имено, за време на почетокот на воената парада, првата дама на САД беше снимена како седи до својот сопруг со затворени очи, изгледајќи уморно или, според дел од американската јавност, неподносливо здодевно.

Фотографиите и видеата од настанот го покажуваат Трамп како стои исправено и ги поздравува војниците, додека Меланија седи со поглед надолу и затворени очи. Снимката брзо стана вирална на социјалните мрежи, а коментарите се зголемија, особено во моментите кога главата на поранешната манекенка паѓа од досада.

„Меланија изгледа како да заспива“, „Изгледа како да едвај чека да заврши“, „Ова е едно од најдосадните нешта што некогаш се прикажани на телевизија, не е ни чудо што половина од администрацијата, вклучително и Меланија, речиси спие“, се само дел од коментарите на X.

Воената парада, која наводно чинела 75 милиони долари, се одржа по Националниот мол во Вашингтон и вклучуваше повеќе од 7.000 припадници на американската војска, тенкови, воени хеликоптери и авиони од Втората светска војна.