🎥Вирална снимка на матурант од БиХ го насмеа целиот регион

од Nikola Popovski

Матурант од градот Бјелина во Босна и Херцеговина дошол на матурската вечер на Земјоделско-медицинското училиште во необична гардероба.

Имено, неименуваното момче се облекло како баба, со шарена кошула и црн волнен елек на себе, како и марама на главата.

„Јас сум Анѓелка Шушик“, рекло момчето кое својата креативност ја покажало на малку поинаков начин.

Тој станал интернет-ѕвезда откако на социјалната мрежа „Х“ се појави прилогот на телевизијата „BN“.

Духовитиот матурант се претставил како баба Анѓелка, а потоа открил зошто на матурата дошол со своите „внуци“, односно двајца другари од клас кои биле облечени во машки костуми.

„Тоа се моите внуци што ги воспитав, ги избрав за придружници. Многу ми е драго, никој досега не го направил ова. Ова се моите деца, ова е се во мојот живот“, рекло момчето.

На крајот добило и прегратка од својот „внук“ откако се преправал дека плаче од среќа.

Овој клип веднаш станал вирален, а социјалните мрежи биле преполни со коментари.

„Хахаха лудо“, „Каков крал“, „Поинаков од сите. Оригинален“, „Ова е толку топ, толку многу се смеев“, се само дел од коментарите. Сепак, имало и такви на кои не им се допаднала идејата на матурантот.

„Ова е сè само не смешно“, „Уф, навистина лош хумор“…

Слични содржини