🎥Вучиќ јавно принудил жена да каже дека не е биолошка мајка туку стрина на болно дете што го чува

Драма на средба со Вучиќ: Жена откри дека не е биолошка мајка пред своето дете

од Nikola Popovski
17 прегледи Фото: Принтскрин/Х

Српскиот претседател, Александар Вучиќ вчера разговарал со граѓаните во Бор, меѓу кои и со жена која, како што рече, била принудена јавно да му признае на својот син дека е негов старател, бидејќи повеќе нема на кого да се обрати за да го реши својот проблем и да ѝ дозволи да го посвои.

Мајката од Бор прво го презентирал проблемот со одлуката за социјална помош.

Таа рече дека таа и нејзиниот сопруг не земале ниту динар од државата сè додека не се разболеле. А нејзиниот сопруг, изјави таа, добил дијабетес од стресот од болеста на нивниот син.

„Имам болно дете, кое има конгенитална катаракта и е оперирано четири пати во Белград. Исто така, се лекува во Клиничкиот центар во Ниш од висок крвен притисок и тахикардија. Прима лекови за крвен притисок и срце. Корисници сме на социјална помош три или четири години. Последните девет месеци не сум добила ниту еден динар, а Центарот за социјална работа не ми дава решение, ниту пак некој ми кажува во што е проблемот. И не само јас, илјадници луѓе чекаат решение“, рекла таа.

Александар Вучиќ ја прашал дали знае дека Центарот за социјална работа врши проверка на имотот на корисниците, на што таа одговори дека тие имаат само куќа каде што живее нивното тричлено семејство.

Вучиќ ѝ ветил дека некој ќе ја погледне нејзината документација и дека до вторник ќе добие одговор од Белград.

И покрај предупредувањата дека момчето не ја знае вистинската семејна приказна, претседателот инсистирал да се објаснат сите околности за случајот да може, како што рекол, веднаш да се реши. Под притисок, жената низ солзи признала дека не е биолошка мајка на детето.

„Не ми дозволуваат да го посвојам. Јас сум негова стрина, неговата мајка почина. Се грижам за него 13 години и не сакав на овој начин да дознае дека не сум негова мајка“, изјавила таа пред присутните, додека момчето седело до неа.

По емотивниот момент, Вучиќ изјавил дека процедурите се сложени, но дека институциите ќе се обидат да го решат случајот во најкус можен рок, додавајќи дека жената „дефинитивно е мајка затоа што се грижи за детето“.

Сцената предизвика реакции и негодување во јавноста, особено на социјалните мрежи, каде се отвори дебата за начинот на кој се водела комуникацијата со граѓанката и чувствителноста на ситуацијата.

Слични содржини