Поранешната ѕвезда на Интер и Милан, Марио Балотели повторно се прослави со голем кикс. 33-годишниот стрелец се најде во центарот на вниманието по уште една „пијанка“.
На социјалните мрежи се појави клип на кој се гледа како ѕвездата се тркала по улицата, очигледно мртов пијан. Неговите пријатели требаше да го кренат од земја и да го носат.
„Ја видов снимката како излегувам со пријателите. Не гледам проблем, се забавувам и се шегувам без да повредам никого. И за што ме осудувате?“, напишал незадоволниот Балотели на социјалните мрежи по снимката која стана вирална.
„И по она што Италија го прикажа на ЕП, главната вест за вас е дека сум бил пијан… Да бидеме малку посериозни“, додаде Супер Марио.
Во саботата Италија го напушти Евро 2024 откако во осминафиналето загуби од Швајцарија со 0:2. Балотели има 14 гола во 36 натпревари за „азурите“, вклучувајќи три на Евро 2012.
Тој во моментов е слободен играч откако ја напушти Адана Демирспор по истекот на договорот на 30 јуни.
Balotelli, muy perjudicado anoche… 😨pic.twitter.com/EGggILAsLu
— BeSoccer (@besoccer_ES) July 1, 2024