🎥Застрашувачки тренинг на Тајсон пред борбата со Џејк Пол: Ќе се шокирате од тоа што го прави на 58 години

од Vladimir Zorba
177 прегледи

Сите со нетрпение ја очекуваме ноќта меѓу петок и сабота и борбата помеѓу Мајк Тајсон и Џејк Пол, која ќе ги помести границите на боксот… Легендарниот шампион и познат Јутјубер ќе се натпреварува неколку месеци подоцна од првичниот датум, поради здравствени проблеми со кои се соочуваше Мајк.

Неколку дена пред борбата, на мрежата се појави видео од тренинзите на Тајсон во рингот, а тоа што го прави е навистина неверојатно за 58-годишен маж. Можеме да кажеме дури и нереално.

Се движи навистина брзо, има исклучителни рефлекси, а и самиот коментатор забележа дека е „наострен за борба“ како и пред 30-40 години.

– Имам морници. Вака не се движи нормален 58-годишник. Тоа е неверојатно – изјави воодушевениот коментатор.

Тајсон своевремено беше најмладиот шампион во тешка категорија, таа титула ја освои на 20 години, а првите 19 борби во кариерата ги доби со нокаут. Тој беше и светски шампион од 1987 до 1990 година.

Пол би морал да внимава, иако има 27 години, победата сигурно нема да му дојде лесно.

Слични содржини