🎬Неочекувана размена меѓу Вучиќ и Фон дер Лајен стана хит на социјалните мрежи: „Имам порака од Москва…“

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа во Брисел, по пристигнувањето на состанок во Европската комисија, ѝ рече на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен дека „штотуку добил порака од Москва“. Фон дер Лајен одговори: „Добро, да почекаме додека не се оддалечиме од камерите“.

од Vladimir Zorba
32 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа во Брисел, по пристигнувањето на состанок во Европската комисија, ѝ рече на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен дека „штотуку добил порака од Москва“. Фон дер Лајен одговори: „Добро, да почекаме додека не се оддалечиме од камерите“.

Размената беше снимена и брзо го привлече вниманието на европските новинари, со оглед на чувствителниот момент во односите меѓу Европската Унија и Русија, како и честите критики кон Брисел за недоследноста на Србија со заедничката надворешна политика на ЕУ.

Сè уште не е познато на што конкретно се однесува пораката на Вучиќ од Москва, а ниту една страна официјално не го коментираше настанот.