Македонската кошаркарска репрезентација денеска, со мечот против Романија, што ќе се игра во Куманово со почеток во 20 часот ги стартува претквалификациите за пласман на Светското првенство во 2027 година, кое ќе се одржи во Катар. Натпреварот во живо ќе го пренесува МРТ.
Нашата селекција влегува во овој натпревар како фаворит.
Селекторот Марјан Илиевски реши да го подмлади составот за натпреварите против Романија и Унгарија, пред сè поради отсуството на најдобрите наши играчи, Ненад Димитријевиќ и Ти-Џеј Шортс.
По мечот со Романија, една недела подоцна Македонија ѝ гостува на Унгарија, а потоа следува гостувањето во Орадеа, Романија. Претквалификациите во август завршуваат со нов дуел со Унгарците, овојпат на домашен терен.