📊 Во НАТО ќе се издвојува повеќе пари за одбрана отколку за образование

од desk2
31 прегледи Заедничка воена вежба Immediate Response 2025 Фотографија: АРМ на mil.mk

Откако земјите на НАТО постигнаа договор до 2035 година да ги зголемат своите издатоци за одбраната до 5%, Visual Capitalist направи визуализација за тоа колку нивните моментални давачки за одбраната се поголеми или помали од издатоците за образование и здравството, изразено во проценти од бруто домашниот производ (БДП).

Податоците се земени од извештаи на НАТО, како и две бази на податоци на Светската банка: за трошењата за образование и за здравство. За секоја категорија се користени најновите достапни податоци, како што е соодветно одбележано.

Моментално секоја земја за војската издвојува помалку од трошоците за здравството и за образованието.

Новозацртаната цел од 5% е поголема дури и од највисокото моментално издвојување за одбраната. Во тој поглед предничи Полска, која поради стравувањата од руски напади, но и поради помошта за Украина, моментално троши 4,1%.

Иако буџетот на САД изнесува речиси трилион долари, тоа е 3% од нивниот БДП, и е повеќе од пет пати помалку од нивниот буџет за здравство – 16,5% од БДП.

Иако САД е исклучок кога станува збор за потрошувачката за здравството, токму оваа буџетска ставка и понатаму е најголемата јавна потрошувачка во сите земји на НАТО.

Целта од 5% БДП во 2035 година, пак, би значела дека 21 земја ќе трошат повеќе на војската отколку на училиштата.