📊Кои македонски телевизии работат со добивка, а кои со загуба?

од Vladimir Zorba
423 прегледи

Изминатите три години „Сител“ телевизија е убедливо на врвот во однос на вкупните приходи и остварената добивка покажуваат податоците на БизнисМрежа. Во чекор ја прати и „Канал 5“, а меѓу првите три по остварена добивка и приходи е и телевизија „Алсат-М“. Меѓу телевизиите кои изминатите три години работеле со загуба се „Телма“ и „24 Вести“.

Во 2022 година на врвот според вкупните приходи е телевизија „Сител“ со 413,6 милиони денари, втора е „Канал 5“ со 242,08 милиони денари, „Алсат-М“ со 162,9 е на трето место, а потоа следат „Телма“ со 118,2 милиони денари, „Компани 21–М“ (ТВ 21) со 48,9 милиони денари и „24 Вести“ со 38,3 милиони денари.

Најголеми расходи истата година направила телевизија „Сител“ – 408,8 милиони денари, потоа следат „Канал 5“ со вкупни расходи од 240,4 милиони денари, „Алсат–М“ од 158,9 милиони денари, вкупните расходи на „Телма“ изнесуваат 142,3 милиони денари, на „24 Вести“ – 59,2 милиони денари и на „Компани 21–М“ (ТВ 21) – 54,3 милиони денари.

Телевизија „Сител“ е на врвот и по остварена добивка во 2022 година со 4,8 милиони денари, со добивка годината ја завршиле и „Алсат-М“ – 3,5 милиони денари и „Канал 5“ со 176,6 илјади денари, а во загуба од 24,1 милион денари е телевизија „Телма“.

И во 2023 година нема промена во вкупно остварените приходи, телевизија „Сител“ со 474,03 милиони денари повторно е на врвот, потоа со 218,4 милиони денари е „Канал 5“, следат „Алсат-М“ со 159,7 милиони денари, „Телма“ со 115,01 милиони денари, „Компани 21–М“ (ТВ 21) со 36,5 милиони денари и „24 Вести“ со 33,8 милиони денари.

Кога се прашање вкупните расходи ситуацијата е слична прва е телевизија „Сител“ со 461,5 милиони денари, следат „Канал 5“ со 216,9 милиони денари, „Алсат-М“ со 157,7 милиони денари, „Телма“ со 140,5 милиони денари, „24 Вести“ со 69,8 милиони денари и „Компани 21–М“ (ТВ 21) со 51,2 милиони денари.

И во однос на добивката ситуацијата е иста како претходната година телевизија „Сител“ со 4,9 милиони денари има најголема добивка, а добивка од 1,5 милиони денари остварила и „Алсат-М“, со загуба од 35,9 милиони денари освен „24 Вести“ годината ја завршиле и „Телма“ со 25,5 милиони денари и „Компани 21–М“ (ТВ 21) со 14,7 милиони денари.

Лани телевизија „Сител“ годината ја завршила со вкупен приход од 566,3 милиони денари, потоа следат „Канал 5“ со 281,8 милиони денари, „Алсат-М“ со 180,6 милиони денари, „Телма“ со 152,6 милиони денари, „Компани 21–М“ (ТВ 21) со 56,3 милиони денари и „24 Вести“ со 50,6 милиони денари.

Најголеми расходи имала телевизија „Сител“ вкупно 460,2 милиони денари, „Канал 5“ – 277,5 милиони денари, „Алсат-М“ – 174,2 милиони денари, „Телма“ – 152,1 милион денари, „24 Вести“ – 78,4 милиони денари и „Компани 21–М“ (ТВ 21) – 56,3 милиони денари.

На крајот на минатата година најголема добивка имала телевизија „Сител“ – 98,7 милиони денари, потоа „Алсат-М“ – 5,5 милиони денари, „Канал 5“ – 2,8 милиони денари, „Телма“ – 423,1 милион денари, „Компани 21–М“ (ТВ 21) – 53,8 милиони денари, а со загуба од 27,7 милиони денари годината ја завршила само „24 Вести“.

Б.С.