📷🎥 Феномен кој ретко се гледа: Поларната светлина можеби ќе го осветли ноќното небо и вечерва

од Илинка Илиоска
1,2K прегледи

Необична глетка го осветли небото над Хрватска и Србија синоќа, додека црвеникава поларна светлина се појави на небото над многу градови, вклучувајќи ги Умаг, Панчево, Крушевац, Белград и Голупац.

Глетката беше највидлива од руралните средини, а многу жители го искористија моментот за да го фотографираат овој редок феномен.

Астрофизичарката Тијана Продановиќ ги поттикна граѓаните да погледнат кон север за да ги забележат црвенкаво-зелените светла, кои можеби ќе бидат видливи и вечерва.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tijana Prodanovic (@drcosmicray)

Истовремено, поларни светла беа забележани и во Мејн, Њу Џерси, Пенсилванија, Делавер и Њујорк во САД, поради силна соларна бура. Докторот по астрофизика, Дарко Доневски за Данас објасни дека овој феномен се појавува кога сончевите ветрови се судираат со магнетното поле на Земјата, што често резултира со разно обоени светла – зелени и жолти во поларните региони, а почесто црвени на пониски географски широчини.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Слични содржини