Вулканска ерупција е регистрирана на оддалечениот јапонски остров Суваносеџима на југозападот на Јапонија, соопштија денеска локалните власти.
🚨𝗕𝗥𝗘𝗔𝗞𝗜𝗡𝗚 – The Meteorological Agency of Japan has reported a level three eruption of a volcano on Suwanosejima Island in Kagoshima Prefecture, located in the southwestern part of Japan.
In response to this volcanic activity, the agency is advising residents to remain… pic.twitter.com/z3bP3m6V5I
— Right Angle News Network (@Rightanglenews) January 13, 2024
Јапонската медиумска компанија „NHK“ објави, повикувајќи се на полицијата на префектурата Кагошима, дека по ерупцијата не е забележана штета.
❗🌋🇯🇵 – A volcano has erupted on the remote island of Suwanosejima in southwestern Japan, the government said Sunday morning.
No damage was confirmed from the eruption, public broadcaster NHK reported, citing a local police station in Kagoshima prefecture.
The government later… pic.twitter.com/ApAAVRoMP9
— 🔥🗞The Informant (@theinformantofc) January 13, 2024
Владата издаде предупредување за ерупција на трето ниво на скала од пет нивоа за Суваносеџима, со што се забранува влез во областа околу вулканот.
Јапонската метеоролошка агенција апелираше до жителите да ги преземат сите заштитни мерки.
Ерупцијата се случи на планината Отаке на островот Суваносе во префектурата Кагошима, соопшти Јапонската метеоролошка агенција. Во моментов нема извештаи за повредени.
Агенцијата предупреди на опасност од големи камења што може да ги фрли вулканот во радиус од околу 2 километри од кратерот.