📷📽Ѓоковиќ ги поддржа студентските протести во Србија

од Vladimir Zorba
35 прегледи

Тенисерот Новак Ѓоковиќ повторно го привлече вниманието на светските медиуми, но овој пат со своите постапки надвор од теренот. Ноле се појави на трибините на Арената Белград за време на кошаркарското дерби помеѓу Партизан и Црвена звезда.

Ѓоковиќ носеше дуксер со натпис „Студентите се шампиони“ како поддршка на студентските протести во земјата.

На прашањето што значи тоа, тој кратко одговорил: Разбираат! Многу добро разбираат!“

Ова е прво јавно појавување на тенисерот по неговото враќање од Австралија, каде неколку пати се изјасни за поддршка на студентските демонстранти против владеењето на Александар Вучиќ.

Слични содржини