Еден килограм портокал 0,75 центи или околу 46 денари. Еден килограм домати 1,79 евра или 110 денари. Овие „европски цени“ се достапни за германски стандард кој подразбира плата во висина на националниот минимум од 2.700 евра па нагоре.
Дел од прехранбените производи, вклучувајќи млечни и месни производи, овошје и зеленчук, во германските трговски ланци, се продаваа по исти па дури и пониски цени во однос на оние на нашиот домашен пазар.

Фото: Локално
Па така пакување од 4 килиграми портокал чини 2,99 евра, еден килограм банани се продава за 1,29 евра додека килограм домат чини 1.79 евра, што е речиси иста цена па дури пониска од онаа што се диктира на домашните зелени пазари и во маркетите. Пакување со краставици од 750 грама чини 2,99 евра а килограм свежа зелка чини 1,19 евра.
Забележливо е дека цените на дел од тестенините се пониски во однос на оние дома, 500 грама пакување макарони чини 42 денари додека кај нас, истата грамажа, но зависност од брендот, се продава од 46 денари па нагоре. Скоро иста цена со нашите, домашни цени, имаат јајцата, пакување од десет чини 1,99 евра. Еден килограм брашно Тип 405 чини 0,59 центи или 37 денари.

Фото: Локално
Кај млечните производи, забележливо е дека веган – растителното млеко од бадем или соја, кое кај нас се продава и до 180 денари за литро, во Германија чини од 0,95 центи ( 59 денари) до околу 2 евра (120 денари). Пакување моцарела од 200 грама се продава по 0,85 центи или само 53 денари.
Цените на месните производи се различни, 1 килограм јунешко месо чини 11,98 евра додека пак 1 килограм пилешко се продава по 8,66 евра.

Во Македонија во ноември во споредба со лани истиот месец инфлацијата мерена преку трошоци на живот изнесува 4% а она што според економистите алармира е растот на „базичната инфлација“ која ги опфаќа основните производи за живот.
Д.А.