📷Гал Гадот тајно родила четврта ќерка со посебно име

од Vladimir Zorba
358 прегледи

Во куќата на актерката Гал Гадот и продуцентот Јарон Варсанo повторно се слуша плачење на новороденче – и тоа веќе четврти пат! Објавата на убавата актерка на Инстаграм открива дека парот го дочекал четвртото дете, поради што куќата е во славеничко расположение.

38-годишната актерка објави фотографија од породилното одделение, со што потврди дека во нејзиното семејство се приклучила уште една девојка, нов член на „женската банда“ на семејството каде Варсано е апсолутно малцинство.

„Моја слатка девојка, добредојде. Бременоста не беше лесна, но ја издржавме“, напишала актерката мислејќи на непознатите тешкотии во блажениот период.

„Ти внесe толку многу светлина во нашите животи, исполнувајќи го твоето име, Ори, што на хебрејски значи „моја светлина“. Нашите срца се полни со благодарност“, напиша таа, откривајќи го името што му го дале на малото девојче.

Ѕвездата е веќе мајка на три девојчиња: најмладата, 2-годишната Даниела, 6-годишната Маја и 12-годишната Алма.

За да ги исполни двете улоги, и како мајка и во кариерата, актерката признала дека се откажала од неколку часа сон, но дека е подготвена на се за да им обезбеди на своите девојки што е можно поисполнето детство.

„Многу сме вклучени во животот на нашите деца, така што вие само спиете помалку, се будите порано за да бидете со децата, само повеќе се истегнувате, но вреди“, коментираше претходно актерката.

Инаку, актерката се омажи за Версано пред 15 години, а го делат и приватниот и деловниот живот, па заедно ја водат продуцентската куќа „Pilot Wave Motion Pictures“.

Во една неодамнешна објава, актерката го нарече својот партнер најдобар татко на светот и емотивно напиша дека не можела да посака подобар модел за своите девојчиња.

Слични содржини