15
Возачот на Ферари, Луис Хамилтон, предизвика прекин на квалификациите за Големата награда на Австрија, 11-тата трка од овогодинешното првенство во Формула 1.
Седумкратниот светски шампион отиде премногу широко во последната кривина, помина преку рабникот, а триењето предизвика пожар.
Логично, во вакви ситуации, единственото решение е да се крене црвеното знаме, сè додека не се поправи штетата.
Патем, ова не е прв пат оваа сезона тревата покрај патеката да се запали за време на акцијата во Формула 1, бидејќи слична ситуација беше забележана во Јапонија пред речиси три месеци.
“Hamilton set the Red Bull ring on fire!” GOATTT🔥🔥 https://t.co/7vP8tqytEG
— 𝓐𝓭𝓻𝓲 ⁴⁴ (@adaxae) June 28, 2025