📷Медведев објави карикатура од Шолц и го обвини дека лаже

од Nikola Popovski

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, го обвини германскиот канцелар Олаф Шолц дека лаже кога рече дека рускиот претседател Владимир Путин го забранил снабдувањето со гас во Европа.

-Германецот отворено лаже! Самите го прекинаа, се посрамотија пред својот народ поради омразата кон Русија, а сега лажат, напиша Медведев на социјалната мрежа Х.

Медведев со објавата, сподели и карикатура од Шолц, која најверојатно е создадена со вештачка интелигенција.

Претходно, Шолц, говорејќи на Конгресот на Социјалдемократската партија на Германија, рече дека цените на енергенсите „ насекаде пораснале“.

Тој тоа го оправда со фактот дека рускиот претседател Владимир Путин „ја запрел испораката на гас преку правилниот гасовод“.

-Вкупно во Европа недостасуваа 120 милијарди кубни метри гас, рече Шолц и додаде дека тоа има последици по цените.

Слични содржини