📷Ова се хероите кои ја пронајдоа малата Дуња од Србија

од Nikola Popovski
1,9K прегледи

Девојчето Дуња, кое вчера исчезна од семејниот дом во Уб, Србија, било пронајдено живо и неповредено од страна на припадниците на српската Планинарската спасувачка служба.

Вчера повторно се огласи системот „Најди ме“, српска верзија на „Amber Alert“, по што на сите граѓани на Србија им стигнала порака дека двегодишно девојче исчезнало од дома.

Во потрагата се вклучиле голем број граѓани, припадници на полицијата и на Планинарската спасувачка служба.

Среќната вест била објавена во раните утрински часови. Девојчето Дуња го пронашле на околу два километри од нејзиниот дом и тоа од страна на Дејан и Богдан со нивното куче Мала – сите членови на Планинарската спасувачка служба.

Девојчето било пронајдено живо, но премрзнато и во страв.

Девојчето си играло со браќата во песокот зад куќата, а нејзината мајка забележала дека ја нема кога се вратила од работа околу 17 часот.

Фото: Јован Младеновиќ

Слични содржини