Двејн Џонсон го глуми легендарниот ММА борец и поранешен борач, Марк Кер во претстојниот биографски филм The Smashing Machine.
Објавени се првите фотографии од сетот на кои The Rock изгледа непрепознатливо, пред се поради неговата коса. На тие фотографии актерот во жолт блузон доаѓа на борба во „Токио Доум“. Тој се ракува со обожавателите и разговара со публиката.
Веста за снимањето на филмот беше откриена на крајот на февруари оваа година, а заплетот на филмот ќе се фокусира на периодот од раните 2000-ти, откако Кер беше хоспитализиран поради предозирање со опиоиди. Покрај тоа, филмот ќе го прикаже и неговиот однос со сопругата, која станала алкохоличар и се борела со своите демони.
Филмот е во режија на американскиот режисер Бени Сафди, кој го пишува и сценариото за филмот. Ова ќе биде првиот проект на кој работи без својот брат. Филмот треба да излезе во декември оваа година.