📷Скопје повторно најзагаден град во Европа

од Nikola Popovski

Според податоците на интернет страницата „IQAir“ од 10 часот и 47 минути, Скопје е на 4-то место во светот според загаденоста на воздухот, а на прво ако ги земеме во предвид само европските градови.

Измерениот индекс на загаденоста е 164, што повлекува предупредување дека воздухот е нездрав за дишење.

Скопје го дели првото место за најзагаден воздух во Европа заедно со италијанскиот град Милано.

Максимално дозволена концентрација на ПМ 10 во воздухот е 50 микрограми на метар кубен.

Загадувањето во Скопје со години е проблем на сите негови жители, а со тоа и на секоја власт. И додека секое утро Скопје се буди во друштво на петте најзагадени градови во светот, надлежните институции допрва чекаат на новиот правилник кој ќе го регулира проблемот со загадувањето.

Во услови на загаден воздух, се препорачува малите деца, бремените жени, хроничните болни и повозрасните луѓе да не излегуваат на отворено, граѓаните да не ги користат своите автомобили без поголема потреба и да го користат јавниот превоз.

Слични содржини