Да беше жив Тоше Проески, денес ќе го славеше својот 45-ти роденден. За жал, неговиот живот беше прекинат на 16 октомври 2007 година, кога загина во сообраќајна несреќа.
Сеќавањето на него никогаш не избледе, а сега и пејачот и негов добар пријател Тони Цетински се потсети на убавите времиња со покојниот пејач. Она што ги обединува, освен пријателството и истата професија, е нивниот дует „Лагала нас мала“.
Со нивните заеднички фотографии од настапот, Тони се потсети на среќните моменти со својот колега. Заедно со објавата, тој додаде: „Многу ми недостигаш. Засекогаш твој. Потпишувам!“
View this post on Instagram
Тоше Проески трагично загина на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Република Хрватска. Посмртно беше прогласен за заслужен граѓанин на Македонија, а 17 октомври 2007 година беше прогласен за Ден на национална жалост.
Тоше и денес живее преку своите песни, зборови и дела. Остана запаметен по незаменливата хуманост, а во негова чест секоја година на 25 јануари се организираат крводарителни акции во Скопје и Крушево.