📷Трансродната Кејтлин Џенер го поддржа Трамп: „За него си Брус“

од Vladimir Zorba
56 прегледи

Кејтлин Џенер се соочува со бурни реакции поради присуството на бал во знак на поддршка на Доналд Трамп. Џенер, која јавно се огласи како трансродова жена во 2015 година, често ја користи својата платформа за споделување ставови за социјалните прашања и за истакнување на нејзиното долгогодишно пријателство со Трамп. Сепак, нејзината отворена поддршка за претседателот, чија политика е насочена кон ограничување на правата на трансродовите лица, предизвика лавина негативни реакции.

На социјалните мрежи Џенер се соочува со критики и коментари во кои корисниците и се обраќаат со нејзиното старо име – Брус. Меѓу коментарите се издвојуваат: „Ресетирај на фабрички поставки, Брус!“, „Па, Брус, според твојот претседател, Кејтлин не постои“, „Здраво, повторно си Брус, ти си маж“.

Да потсетиме, Кејтлин Џенер, порано позната како Брус Џенер, стана глобално препознатлива не само како олимписка шампионка во десетбој, туку и како член на семејството Кардашијан-Џенер.
Нејзината транзиција во 2015 година привлече големо внимание во јавноста, но и бројни контроверзи, а денес нејзиното име повторно е во центарот на дискусиите поради нејзината отворена поддршка за Трамп.

Слични содржини