📷Универзалната сала добива нова покривна купола

од Nikola Popovski
558 прегледи

Министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска попладнево објави дека денеска започнало поставувањето на нова покривна купола на Универзалната сала. Според Костадиновска Стојчевска, во тек е реконструкцијата на препознатливиот елемент на мултимедијалниот објект, симболот на солидарно Скопје.

Таа нагласи дека со замена на старата купола непречено се одвива првата фаза од реконструкцијата на Универзалната сала која ќе ја обликува надворешноста на зданието.

-Универзалната сала има долга и значајна културна меморија за градот и државата низ чие постоење се претставувала културата низ различни форми. На публиката и на граѓаните им должиме нова, современа и автентична сала. На дело покажуваме како се грижиме за развојот на културата и нејзината промоција, порача министерката во објавата на социјалните мрежи.

Пред еден месец, по неколкугодишни одложувања, смена на надлежностите со обезбедени средства, беше соопштено дека Универзалната сала треба да биде реконструирана за три години.

-После две години ќе се продолжи да се реализира нешто за коешто навистина се вложивме. Проектот е готов уште од 2021 година. Сега е ставен на располагање на изведувачите. Најпрво да се заврши кровот и фасадата, а потоа техничките фази и ентериер, рече проектантот Бујар Муча од „Мегарон инженеринг“.

Тој појасни дека комплетно ќе бидат модернизирани сцената и просторот за публика. Заради новите архитектонските прописи ќе се намали бројот на седишта, на околу 1.300.

Слични содржини