📷Ваучерите на Владата за електронски уреди на оглас – се продаваат за 10 илјади денари

Веднаш по објавувањето на повикот, почнаа да се појавуваат „комбинации“ за продажба на ваучерите, по цена и за 10 илјади денари

од Nikola Popovski
40 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Канал 5 Тв

Од вчера официјално започна аплицирањето за набавка на електронски уреди, а дел од студентите почнаа да ги продаваат ваучерите. Како што информираа од Владата, студентите ги добиваат ветените 250 евра или 15.300 денари за набавка на електронски уреди, лаптоп, таблет или персонален компјутер.

Веднаш по објавувањето на повикот, почнаа да се појавуваат „комбинации“ за продажба на ваучерите, по цена и за 10 илјади денари.

„Продавам студентски ваучер за 10.000, износот е 15.300 и се користи само за компјутер, лаптоп и таблет“, „ Продавам ваучер студенски за 12000“, „Продавам ваучер за 11990 ден. кој може да се искористи за pc / лаптоп / таблет“, беа дел од објавите на групите на социјалните мрежи каде што членуваат младите.

Веднаш по објавувањето на повикот, аплицирале околу 1.000 студенти. Опремата купена со ваучерот треба да се подигне најдоцна до крајот на оваа година односно до 31 декември.

Од Владата тврдат дека 850 милиони денари од буџетот се издвојуваат за студентите и дека со оваа мерка директно помагаат на сите семејства и ги олеснуваат трошоците за студирање.

Слични содржини