📷Заканувачки и навредливи пораки кон родители од Кочани: „Господ ги казни предавниците, со сила ли ги однесоа таму децата?“

од Nikola Popovski
262 прегледи

Дел од родителите на настраданите во трагичниот настан во Кочани сведочат дека во изминатиот период преку социјалните мрежи им пристигнуваат пораки со заканувачка и недолична содржина, од кои некои веќе беа и јавно објавени. Заканите и навредите кулминираат овие денови, па на родителите им се закануваат дека ќе останат и без децата кои им се останати живи.

Верица Трифунова, мајка на трагично загинатата Моника Спасова објави повеќе слики од разговори, од кои се гледа како извесно ѝ испраќа вознемирувачки пораки.


Левица: Успешен третиот обид за надзорна расправа за Кочани, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ не присуствуваа

Префрлени над 147 милиони денари: Црвениот крст ја изврши последната исплата за настраданите од Кочани

* Родителите од Кочани официјално побараа непосредна средба со обвинителите


Претходно истото лице, испратило заканувачка порака кон друго лице на социјалните мрежи, во која и вели „Не јади го*на многу, немој да останеш без едно дете“. Во повеќе нејзини објави на социјалните мрежи, Трифунова апелира за помош од полицијата и централната власт.

Трифунова денеска порача и дека „ладнокрвни убијци се шетаат меѓу децата и младите…“.

„Да потенцирам ова е масовно убиство на 62 млади животи и над 200 може и повеќе трајно оштетени и полни со трауми млади и детски животи…За нас родителите да не зборувам“, нагласува меѓу другото мајката.

Се очекува реакција од МВР и Јавното обвинителство.

Слични содржини